Нојер: Ќе биде чудно да се игра против Барселона без Меси

Нојер

Барселона и Баерн Минхен ќе го одиграат дербито во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Последниот пат кога овие две екипи се сретнаа, германскиот гигант славеше со 8-2. Болниот пораз е минато, а Мануел Нојер смета дека ситуацијата е различна поради изменетиот состав на противникот.

„Се разбира, не заборавате такви натпревари, но Барселона сега има сосема поинаков тим. Играчите кои играат сега ќе преземат поголема одговорност, бидејќи Меси повеќе не е таму. Мислам дека тактички ќе бидат подобри.

Чудно е за секоја екипа да игра против Барселона, а да го нема Меси. Нема да бидам порелаксиран, тие имаат опасни играчи во нападот“, вели германскиот голман.

Каталонците ќе бидат домаќини овој вторник со почеток од 21:00 часот.