Никола Карчев ќе ја води битката за опстанок со Борец

Екипата на Борец од Велес го назначи и новиот шеф на стручниот штаб, во името на Никола Карчев, кој доаѓа да ја води битката за опстанок која ќе биде пеколно тешка.

Велешани немаат ниту еден освоен бод во есенската полусезона и во следните кола ќе се обидат да дојдат до подобри резултати. По реформацијата во Борец каде дојдоа Академија Нацев и ФК Кул од Скопје, заедно со Марјан Нацев и Рацо Цветановски, пристигна и Никола Карчев.

Тренерот претходно работеше во Локомотива, Кадино, исто така имаше и ангажман во Германија, во редовите на Бовингхаузен, како и во Пахтахор како член на стручниот штаб на Славчо Војнески.

Во следните денови Борец ќе ги добие и првите нови засилувања.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.