Никој не ја сака „деветката“ во Челзи, Тухел откри и зошто

Фудбалскиот клуб Челзи сезоната во Премиер лигата ќе ја стартува со гостување на „Гудисон Парк“ кај Евертон. 

Во пресрет на дуелот, предводникот на „сините“ Томас Тухел зборуваше за интересна тема. Тој доби прашање за дресот со број девет, кој остана празен откако Ромелу Лукаку замина во Интер. Според информациите, ниту еден играч не бил заинтересиран да го задолжи бројот за кој се мисли дека е „проклет“.

„Тој број како да е проколнат, луѓето зборуваат така. Немаше интерес за таа бројка, никој не сакаше да го земе. И јас понекогаш сум суеверен, разбирам зошто не го земаат дресот“, рече Тухел. 

Претходно со оваа бројка тешки епизоди во клубот имаа играчи како Фернандо Торес, Хернан Креспо, Радамел Фалкао и Гонзало Игуаин, а последен во низата е Лукаку. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.