ВИДЕО: Саул Нигез го прекина голгетерскиот пост и донесе победа за Атлетико

Екипата на Атлетико Мадрид забележа минимална победа на гостувањето кај Осасуна во дуелот од 19. коло на шпанската Примера (0-1). Така гигантот од Мадрид по подолго време врза две победи во домашниот шампионат, а најзаслужен за тоа беше Саул Нигез, кој беше творец на единствениот погодок. 

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 74. минута, кога „резервистот“ Саул Нигез на додавање на светскиот шампион Де Пол ја стресе домашната мрежа и донесе голема радост за својот тим и победа од 0-1. Ова беше прв погодок на Саул Нигез по пауза од 35 натпревари за Атлетико.

  • Осасуна - Атлетико Мадрид 0-1:

Со оваа победа Атлетико се искачи на четвртото место со три бода повеќе од Виљареал, кој има натпревар помалку, а Осасуна е на седмото место.

  • Ваљадолид - Валенсија 1-0:

Во првиот денешен натпревар од програмата во Примера, екипата на Валенсија одново ги разочара своите фанови и од гостувањето кај Ваљадолид се врати со пораз од 1-0.

Состави

Jagoba Arrasate

4-3-3

    Диего Симеоне

    4-4-2