ВИДЕО: Незадоволните фанови го празнеа „Олд Трафорд“ по петтиот гол на Ливерпул

Олд Трафорд

Дебаклот против Ливерпул предизвика големо незадоволство меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед.

Тие беа во неверица од случувањата на дербито на „Олд Трафорд“. Голем дел од нив загубија трпение и започнаа да го напуштаат стадионот по еден час игра, кога на семафорот стоеше резултатот 0-5 во корист на големиот ривал.

„Црвените ѓаволи“ не паметат кога последен пат биле понижени на домашен терен. Фудбалерите на Јирген Клоп немаа милост за противникот и предводени од феноменелниот Мохамед Салах му зададоа голем удар во борбата за врвот во Премиер лигата.

Фановите на Јунајтед бараат итно заминување на Оле Гунар Солскјер. Норвешкиот стратег долго време се обидува да ги убеди дека треба да ја добие довербата, но сега нема никакво оправдување по овој катастрофален резултат.

Состави

Оле Гунар Солскјер

4-2-3-1

    Јирген Клоп

    4-3-3