Непријатни сцени: Авионот на Сити порад лошо време мораше да слета во Ливерпул

Екипата на Манчестер Сити го декласира Спортинг во рамките на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, откако во Лисабон победи со 0-5. 

Сепак, избраниците на Пеп Гвардиола ги дочекаа непријатности по враќањето во Англија. Авионот со фудбалерите кој требаше по планот попладнево да слета во Манчестер, сепак немаше можност за тоа. Поради силниот ветер и лошото време авионот на Сити кружеше околу градот, а откако се потврди дека нема можност за слетување во Манчестер беше пренасочен. 

За среќа авионот без поголеми проблеми стигна до Ливерпул и успешно слета. Авионот на Манчестер Сити доби дозвола и слета во Ливерпул, по што играчите и стручниот штаб со алтернативен начин на превоз мораа да се вратат дома.