Неочекуван проблем за Артета: Арсенал без најдобрите напаѓачи против Брентфорд

Со вечерашниот дуел меѓу Брентфорд и Арсенал и официјално ќе започне новата сезона на Премиер лигата. „Вредните пчели“ против поранешниот шампион ќе го имаат своето деби во англиската елита, а „топџиите“ за овој дуел ќе бидат видно ослабени во напаѓачката линија.

Имено, последните информации кои доаѓаат од Лондон се дека Микел Артета во последен момент остана без своите најдобри напаѓачи. Пјер-Емерик Обамејанг и Александар Лаказет, 
нема да бидат во протоколот за овој дуел, а засега не се познати конкретните причини за нивното отсуство. 

„Топџиите“ со една цел ја отвораат сезоната во Премиер лигата, а тоа е враќање во водечката четворка, па затоа победата против дебитантот ќе им биде неопходна.

Во текот на летниот трансфер период во Арсенал се преселија Нуно Тавареш од Бенфика, Алберт Самби Локонга од Андерлехт и Бен Вајт од Брајтон.