Нема крај за проблемите на Наполи, се повреди и Кулибали

Фудбалерите на Наполи испуштија два бода на гостувањето кај Сасуоло (2-2), но лесно можеа и да загубат, бидејќи домаќинот имаше поништен гол во финишот од дуелот. Сепак, покрај киксот лидерот на табелата во Серија А има и дополнителни проблеми. 

Имено, годината е готова за Калиду Кулибали кој беше заменет во 80. минута од дуелот, а од Италија потврдија дека се работи за руптура на десниот бицепс во ногата. Таква повреда ќе го оддалечи стоперот од терените барем еден месец. Тоа значи дека Наполи ќе биде без Кулибали на дерби дуелите со Аталанта и Милан, а можеби и Јувентус. 

Покрај тоа, сè уште не е позната состојбата на останатите играчи. Против Сасуоло повреди заработија Лоренцо Инсиње и Фабијан Руиз, но не се знае дели ќе се вратат навремено до дуелот овој викенд. Веќе претходно се повредија Виктор Осимхен и Ангиса, па Наполи има навистина големи проблеми. 

За работата да биде полоша, Лучијано Спалети заработи црвен картон на дуелот на „Мапеи Стадиум“ и нема да го води тимот од клупата со Аталанта и Емполи.