Нејмар: Фудбалот станува сè поздодевен, само мене може да ми се случуваат вакви работи

Бразилскиот фудбалски ас Нејмар не беше задоволен од судиската одлука да му покаже жолт картон поради „непримерното“ славење на голот.

Тој стрелаше за Пари Сен Жермен на гостувањето кај Макаби Хаифа во Лигата на шампионите, а голот го прослави со испакнување на јазикот и мавтање со прстите кон слепоочницата, што не остана незабележано од судијата Даниел Зиберт.

„Фудбалот станува сè поздодевен. Уште една победа, честитки за нас, продолжуваме понатаму. Од друга страна - добив жолт картон. Вакви работи ми се случуваат само мене. Следниот пат ќе им кажам на судиите што планирам да направам, за да добијам дозвола“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Парижани, иако беа во негатива, на крај со головите на Нејмар, Меси и Мбапе извојуваа победа над првакот на Израел со 1-3.

Состави

Barak Bakhar

4-3-3

    Кристоф Галтие

    3-4-2-1