Недвед се огласи околу иднината на Кристијано Роналдо

Роналдо

Иднината на Кристијано Роналдо е во Јувентус, потврди спортскиот директор на клубот, Павел Недвед.

Во разговор со италијанските медиуми, поранешниот фудбалер на „старата дама“ ги реши сите дилеми околу тоа каде ќе игра Португалецот во претстојната сезона.

Се шпекулираше дека првата ѕвезда на италијанскиот тим ќе замине ова лето. До крајот на неговиот договор останува уште една година, па можноста за заработка беше причината да се верува дека клубот ќе сака да се ослободи од него, додека може да добие пари за возврат. Меѓутоа Роналдо нема да ја промени играчката средина ова лето. Ќе се бори да ги оправда очекувањата и да ја убеди управата дека оправдано го задржа во своите редови.

Неговото име се поврзуваше со кам-бек во Спортинг, како и во Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.