Наполи спринтот за скудетото го продолжува со Фиорентина

Како што минува времето и шампионската трка влегува во финишот, Наполи сè повеќе се однесува како најсериозен кандидат за титулата. Киксот на Милан против Болоња во последното коло им ја отвори вратата на наполитанците да почнат да спринтаат за титулата. Тие моментално го играат најдобриот фудбал од сите кандидати за скудетото.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Наполи и Фиорентина

Во последното коло на тешкото гостување во Бергамо ја совладаа Аталанта, што беше нивна трета последователна победа, а шанса за четврта имаат викендов на домашен терен против непредвидливата Фиорентина. „Виола“ оваа сезона игра со многу подеми и падови. Таа во претходните пет кола постигна по еден гол, но забележа и еден пораз. Се стабилизираше во одбраната, но од доаѓањето на Душан Влаховиќ дефинитивно ѝ недостига подобра реализација.

Од друга страна, најсилниот адут на Наполи е нападот. Тимот во кој настапува Ељиф Елмас има постигнато најмалку два гола на четири од претходните пет натпревари. Сите очи се вперени во центарфорот Виктор Осимен. Додека напаѓачите на ривалските тимови Милан и Интер во последно време се мачат да го најдат патот до мрежата, Нигериецот постигна пет гола на последните пет натпревари што ги одигра.

Квоти за останатите натпревари во Серија А

Ова ќе биде можност Наполи да се реваншира за дебаклот во Купот на Италија кога Фиорентина го декласираше во Неапол со 5-2 и три гола по продолжение. По Фиорентина, Наполитанците ја пречекуваат Рома и тука е крајот на тешкиот распоред. Важно е да ги поминат овие два натпревари. Потоа имаат полесни ривали меѓу кои како потежок испит се издвојува само гостувањето во Торино, додека потежок распоред ќе имаат Интер, а особено Милан.