ВИДЕО: Наполи со доминантен триумф кај Специја ја одјави сезоната

Napoli

Ељиф Елмас доби можност да игра од првата минута во последниот натпревар од Серија А на кој Наполи запиша убедлив триумф на гости кај Специја (0-3). Тимот на Лучијано Спалети го потврди третото место на табелата.

  • Извештај од натпреварот: 

По четири минути Матео Политано испрати прекрасен удар и го отвори резултатот. Следуваше среќна реализација на Пјотр Зелински, а Диего Деме ја потврди доминацијата на „наполитанците“ во првиот дел.

Со оглед на тоа што прашањето околу победникот беше решено, второто полувреме не донесе големи возбудувања. Специја ја оствари целта оваа сезона и обезбеди опстанок во елитата.

Состави

Лука Готи

4-2-3-1

    Лучијано Спалети

    4-3-3