Наполи ќе ги враќа победничките навики против Лацио

Лазио

Од самиот почеток на Серија А беше јасно дека ова може да биде една од највозбудливите сезони во последните десет години, а сега е речиси сигурно дека нè очекува голема драма. Не само во борбата за шампионската титула, туку и за местата кои водат во Лигата на шампионите и другите европски натпреварувања.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Серија А >>>

Наполи ја започна сезоната фантастично, но беше јасно и дека тимот на Лучијано Спалети не може баш да се „прошета“ до скудетото. Наполитанците пред репрезентативната пауза ремизираа на домашен терен со борбената Верона (1-1), а потоа беа поразени во дербито со Интер во Милано (2-3), па „неразурите“ им се доближија на четири бода. Лацио сезонава игра доста променливо, но јасно е дека има голем квалитет и може подеднакво да се носи со секоја екипа од врвот на табелата. Сепак, избраниците на Маурицио Сари со разнишана самодоверба пристигнуваат во Неапол, бидејќи во последното коло прилично лесно и наивно беа поразени од Јувентус на домашен терен (0-2).

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Наполи - Лацио >>>

На римјаните проблем им претставува и лошата серија во меѓусебни судири во последниот период. „Небесно сините“ последен пат го совладаа овој противник како гостин во мај 2015 година (4-2), а оттогаш до денес на стадионот „Диего Армандо Марадона“ се одиграни шест меѓусебни натпревари со пет победи на домашен терен и едно реми.

Иако Наполи е во блага криза, се чини дека ќе биде премногу за избраниците на Спалети да го врзат третиот првенствен меч без победа, па веруваме дека ќе успеат да стигнат до трите бода. Лацио нема причина да калкулира, би можел да започне отворена битка за бодови, што би можело да го направи овој меч доста ефикасен и возбудлив за гледање, но од друга страна и би му ја олеснил работата на домаќинот.