Наполи ја одреди цената, Осимхен може да оди за – 100 милиони евра

Челниците на Наполи одлучија дека ќе го продадат нигерискиот напаѓач Виктор Осимхен, но само за коректно обештетување.

„Газета дело спорт“ пишува дека неколку клубови од Премиер лигата сакаат да го донесат Нигериецот во својот тим. Наводно, се работи за Манчестер Јунајтед, Арсенал и Њукасл, а цифрата Наполи веќе ја одреди.

23-годишниот фудбалер може да биде слободен само за 100 милиони евра. Осимхен дојде во Наполи од Лил за сума од 75 милиони евра.

Пред Лил, Нигериецот настапуваше и за Шарлроа и Волфсбург.