ВИДЕО: Наполи и Елмас со „покер“ голови за Лацио се одлепија на врвот!

Фудбалерите на Наполи се радуваа на победа во 14. коло од Серија А, откако на својот „Диего Армандо Марадона“ го победија Лацио со 4-0 (3-0). „Партенопеите“ ги искористија своите шанси во првото полувреме, направија одлична предност и рутински ја одбранија, па по киксот на Милан се одлепија на врвот во калчото. 

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше резерва, па доби шанса да игра во дербито од 64. минута. 

  • Извештај од натпреварот:

Седум минути им беа потребни на домашните фудбалери да го отворат резултатот, преку голот на Пјотр Зиелински (1-0). Само три подоцна, Дрис Мертенс го даде својот прв гол вечерва по асистенција на Инсиње. 

Лацио доцна се разбуди, веќе имаше сериозен заостанок и бркаше негатива. Гостите од Рим имаа шанси да се вратат, Луис Алберто изнуди одлична одбрана од Оспина, Ачерби ја погоди пречката, а се заканија и Милинковиќ-Савиќ и Имобиле, ама безуспешно. Следеше мајсторија на Мертенс, по добра тимска акција Белгиецот со одличен удар го измами Пепе Реина и по 29. минути игра Наполи поведе и со 3-0. 

Во продолжението избраниците на Маурицио Сари немаа сили да направат ништо посериозно. Иако се обидоа да се вратат во игра, одбраната на Наполи беше компактна и ги спречи налетите. Во полувреме со многу промени, малку шанси и низок интензитет, конечните 4-0 ги постави Фабиaн Руиз со атрактивен погодок од далечина во 85. минута. 

Наполи сега има 35 бода, три повеќе од Милан, а четири од Интер на врвот на табелата во Серија А.

Состави

Лучијано Спалети

4-2-3-1

    Маурицио Сари

    4-3-3