Напаѓач на Евертон прва мета на најбогатиот клуб на светот

Најбогатиот светски клуб, Њукасл Јунајтед, ќе тргне во сериозна реконструкција и засилување на екипата. Избраниците на Еди Хаув лесно избегнаа битка за опстанок во Премиер лигата по зимските засилувања, а сега за ова лето се припремаат за уште поактивен период. 

Прва мета за нападот на „страчките“ е напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин. 25-годишниот напаѓач би можел да замине од таборот на „карамелите“ за сума од 40 милиони евра. Калверт-Луин немаше најдобра сезона, бидејќи се мачеше со повреди, меѓутоа неговиот потенцијал е неспорен. 

Њукасл ќе има конкуренција за услугите на напаѓачот, за него се интересира и Арсенал. Калверт-Луин настапува во Евертон во 2016 година, за клубот одигра 188 натпревари и постигна 56 погодоци. Сумата од 40 милиони евра нема да биде вистински проблем за Њукасл кој сега има вистинска финансиска позадина зад себе. 

Покрај Калверт-Луин, Њукасл следи многу играчи во разни екипи и ги очекува бурно лето.