Наместо Пауло Соуса, Спортинг го избра Русинот Слутски за свој нов тренер

Стефан Ристовски доби нов тренер во Спoртинг Лисабон, но тоа не е Пауло Соуса како што се очекуваше, туку Леонид Слутски. Русинот ќе го наследи Жозе Песеиро, кој доби отказ пред неколку дена.

Поранешниот тренер на ЦСКА Москва, Хал, Сити и Витесе потпиша договор на една и пол сезоната, а Витесе ќе добие 500.000 евра како обесштетување, бидејќи имаше договор со Слутски пред да биде раскинат на штета на португалскиот клуб. 

Слутски еден период беше и привремен руски селектор по оставката на Фабио Капело пред неполни три години. Новиот тренер на Спортинг ќе дебитира вечерва на гостувањето против Санта Клара.