Најголемата легенда на Јувентус се огласи за проблемите во кои се најде клубот

Фудбалскиот клуб Јувентус минува низ кризен период, откако целата управа на чело со Андреа Ањели и Павел Недвед си поднесе оставки. Причината е финансиската криза, проблемите кои го прогонуваат тимот неколку години наназад. 

Во моменти кога има секкави шпекулации, најави за казни и исфлање на Јувентус од Серија А и за прогон на поранешната управа, јавно се огласи најголемата клупска легенда, Алесандро Дел Пиеро. 

„Јувентус е дел од мојот живот. Боите на клубот се мојата приказна. Како сите фанови, ја следам ситуацијата детално. Со мојата јавна улога во вакви ситуации, често ме прашуваат за коментари, а неизбежни се многуте натписи. Сепак, во ваков деликатен момент за клубот, единственото нешто кое сите кои го сакаат Јувентус можат да го направат е да се креираат најдобри работни услови за новата управа, за да води во оваа комплексна фаза. Ова е главна задача за сите поддржувачи, сега е потребно да се биде повеќе од само фан на Јувентус.

Поради тоа сметам дека не е правилно да се коментира секоја вест, бидејќи така се раѓаат шпекулациите. Така и ќе направам јас во наредниот период. Посакувам новото ракводство да одработи правилно, професионално, посветено и со страст. Сигурен сум дека клубот, фановите и тој дрес го заслужуваат тоа“, напиша легендата.

Клубот од Торино мора да сврти нова страница, да се влезе во новата година со „поздрава“ работа на управата и подобар менаџмент на финансиите.