Нагелсман: Формата и мотивацијата ќе го одлучат дербито против Барселона

Нагелсман

Баерн Минхен ќе има блага предност да ја однесе победата на гостувањето кај Барселона на отворањето на новата сезона во Лигата на шмпионите.

Каталонците ќе бидат без Лионел Меси, кој си замина во ПСЖ. Тренерот на германскиот првак Јулиан Нагелсман смета дека нема фаворити на вакви натпревари.

„Медиумите повеќе се занимаваат со тоа кој е фаворит, а кој не. Формата ќе биде одлучувачка, а исто така и мотивацијата. Се работи за дуел на два големи тима.

Тие играат многу поинаку (без Меси). Лионел е играч кој секогаш беше фокусна точка. Сега одговорноста е поделена. Со Депај и Лук де Јонг, Барса има двајца многу интересни нови играчи со различни квалитети. Дефинитивно не би рекол дека нивната ситуација се влоши“, изјави младиот тренер.

Натпреварот ќе биде во фокусот овој вторник и ќе се одигра во терминот од 21:00 часот.