На Роналдо му треба еден гол за да испише историја на ЕП, но има закана од Гризман

Кристијано Роналдо во својата богата кариера сруши бројни рекорди, но претежно на клупски план. Сега, пред почетокот на 16-то Европско првенство, португалскиот ас повторно е во центарот на вниманието, затоа што има голема шанса да испише историја.

На Роналдо потребен му е само уште еден гол за да се одлепи на првото место во вечните листа на стрелци на Европските првенства. Тој и француската легенда Мишел Платини имаат по девет постигнати погодоци, што значи дека доколку Роналдо се запише во листата на стрелците на овој собир, ќе биде единствениот фудбалер кој зад своето име ќе има двоцифрен број голови во историјата на Европските првенства.

  • Најдобрите стрелци во историјата на Европските првенства:

Но, има сериозна закана од светскиот шампион Антоан Гризман. Асот на Барселона на вечната листа ја дели четвртата позиција со шест погодоци, па доколку е расположен за голови на претстојниот собир може сериозно да ѝ се доближи на португалската ѕвезда. 

Токму двете фудбалски величини ќе се судрат меѓусебно на Европското првенство, затоа што Португалија и Франција се дел од групата Ф.