ВИДЕО: На Елмас му оди во Лига Европа, погоди и во дербито со Лестер!

Фудбалерите на Наполи и Лестер го играат одлучувачкиот натпревар за пласман во нокаут фазата на Лигата на Европа, а уште во првото полувреме на „Диего Армандо Марадона“ паднаа четири погодоци. 

Својата одлична форма во ова натпреварување ја продолжи Ељиф Елмас кој го даде третиот погодок. Течеше 24. минута од дуелот кога македонскиот „дијамант“ одлично ја следеше акцијата, втрча во празно и доби топка пред празната мрежа од Петања, па без потешкотии погоди. 

  • Голот на Елмас против Лестер: 

Во претходните настапи во Лигата на Европа, Елмас двапати стрелаше против Спартак Москва во двомечот, а запиша и една асистенција со Легија. 

Состави

Лучијано Спалети

4-2-3-1

    Brendan Rodgers

    4-2-3-1