Мурињо призна: Моите зборови кон судијата заслужија црвен картон

Во драматичен натпревар од 15. коло во Серија А, екипата на Рома едвај стигна до реми на домашен терен против Торино.

Немања Матиќ постигна гол за бод за Рома во 94. минута, додека две минути претходно Андреа Белоти промаши пенал, а пет минути претходно Жозе Мурињо доби црвен картон поради навреда на судијата.

„Тоа беше правилна одлука на судијата, моите зборови кон него заслужија црвен картон. Разговарав со него по натпреварот и се извинив, но не сакам да зборувам за неговиот настап. Бев доволно скромен за да се извинам, но неговата изведба и хипотетичкото влијание врз играта ќе ви го оставам вам. Не сакам да зборувам за тоа што го кажавме, тоа беше приватно. Моите зборови заслужија црвен картон, но јас нема да ја судам работата на судијата“, рече Мурињо.

Со ова реми Рома испушти шанса да направи скок на табелата во Серија А и сега Светското првенство во Катар ќе го следи од седмата позиција.

Состави

Жозе Мурињо

3-4-2-1

    Ivan Juric

    3-4-2-1