ВИДЕО: Мурињо го спречи Абрахам да биде исклучен против Милан

Екипата на Рома загуби на гостувањето кај Милан на „Сан Сиро“ (3-1). Натпреварот во Милано мина со многу тензија, гостите од Рим го завршија дуелот со деветмина бидејќи двапати по два жолти картони добиваа Рик Карсдорп и Џанлука Манчини. 

Избраниците на Жозе Мурињо беа во подредена положба во текот на целиот натпревар. Поради тоа беа нервозни и често ги оспоруваа судиските одлуки. 

Сепак, португалскиот стратег на Рома во еден момент успеа да го „спаси“ својот напаѓач Томи Абрахам да добие втора опомена за исклучување. Англичанецот имаше жолт картон кога влета во конфликт и мешаница со играчи на ривалот. Мурињо го извлече Абрахам од мешаницата и со тоа индиректно го спаси од црвен картон. 

За жал, Мурињо не успеа да ги спречи Карсдорп и Манчини да добијат по втора опомена и да заработат црвен картон.