Мурињо го посакува Модриќ во Рома

Модриќ

Лука Модриќ е во финалната фаза од својата кариера. Со Реал Мадрид оствари голем број успеси, а наскоро би можел да менува клупски бои, со оглед на неговата возраст и големата конкуренција.

Рома на Жозе Мурињо наводоно е заинтересиран за хрватскиот играч за врска. На крајот од тековната сезона, ветеранот ќе биде слободен агент, па португалскиот тренер го посакува во својот тим.

37-годишникот веќе десет години е дел од „кралскиот“ клуб. На 11 септември, тој стана третиот играч на Реал Мадрид, по Пушкаш и Франциско Бујо, кој одиграл 100 натпревари додека имал над 35 години.