Мурињо доби суспензија од два меча поради навреди кон судија

Жозе Мурињо ја дозна казната поради инцидентот во 15. коло од Серија А. По вербалниот судир со судијата на натпреварот против Торино (1-1), Мурињо заработи црвен картон, но дополнително ќе биде на „ладење“ два натпревари на својата Рома.

Португалецот веднаш по тој натпревар ја призна грешката и рече дека судијата оправдано му додели црвен картон.

„Тоа беше сосема правилна одлука на судијата. Поради зборовите кои му ги испратив, заслужив да добијам црвен картон. Разговарав со него по натпреварот и се извинив, но не сакам да кажам како судеше“, изјави Португалецот.

Покрај тоа, дисциплинските органи во Серија А го казнија Интер со 12.000 евра поради навреда на тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини и фрлање пиротехнички средства кон противничките навивачи. Јувентус пак е казнет со 5.000 евра поради навредливи пораки што неговите навивачи ги испратија до навивачите на Лацио.