• Горан Упале

Еден од најпознатите англиски новинари, но и еден од најголемите „непријатели“ на Манчестер Јунјатед, Пирс Морган, не го криеше задоволството од големата победа на „неговиот“ Арсенал, а целата ситуација ја искористи и да испрати жестока провокација до „ѓаволите“, менаџереот Ерик Тен Хаг и новото засилување Вут Вегхорст.
„Честитки, Манчестер Јунајтед. Ова се случува кога ќе донесете арогантен тренер кој не го респектира Кристијано Роналдо, па тој заминува, a потоа го заменува со некој за кого јас никогаш не сум слушнал, а неговото име звучи како австриски колбас - Вегхорст“, напиша Морган.
Морган е познат и како голем фан на Арсенал, а неодамна го направи фамозното интервју на Кристијано Роналдо, по кое португалскиот ас ја заврши својата кариера на „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед имаше водство на „Емирати“, но не го издржа налетот на Арсенал и со примен гол во судиското надополнување загуби со 3-2.