ВИДЕО: Моментот кога навивач му кажува на Салах дека Сити стигна до 3-2

Salah

Ливерпул требаше да победи и да чека кикс на Манчестер Сити против Астон Вила за да може да се радува на нова титула во Премиер лигата.

Работите тргнаа во полза на „црвените“, бидејќи тимот предводен од Стивен Џерард поведe со 0-2. Меѓутоа нововлезениот Илкај Гундоган со два гола беше инспиратор на пресвртот на „граѓаните“ за конечно славје.

За тоа не беше свесен Мохамед Салах, кога постигна погодок за водство против Вулверхемптон. Погледнете како еден од навивачите при радоста му кажува со прсти што точно се случува на „Итихад“:

За Ливерпул следува уште едно големо финале до крајот на сезоната. В сабота ќе се надигрува со Реал Мадрид за титулата во Лигата на шампионите.

Состави

Јирген Клоп

4-3-3

    Bruno Lage

    3-5-2