• Иван Димовски

Екипата на Манчестер Јунајтед многу доцна го скрши отпорот на Вест Хем и победи со 1-0 во 23. коло на Премиер лигата.
Со погодокот на Маркус Рашфорд „црвените ѓаволи“ дојдоа до трите бода, а на голот му следеше драма. Имено, Единсон Кавани беше асистент, па беше навистина близу да биде во офсајд позиција.
- Голот на Рашфорд против Вест Хем Јунајтед:
ВАР проверуваше и ги израдува играчите на Манчестер Јунајтед, но милиметри го делеа да биде во недозволена позиција. Видео технологијата утврди дека Кавани не е поблизу до голманот од дефанзивниот играч и голот за победа важеше.
