• Сашо Поповски

Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе ја започне осмата сезона во италијанскиот шампионат, како дел од екипата на Лацио.
Играчот за врска се поврзуваше со трансфер надвор од Рим и ова лето. Меѓутоа на крај одлучи да остане верен на „лацијалите“, кои го ангажираа во 2015 година од редовите на Генк.
Во новата сезона српскиот ас ќе има можност да скокне неколку места на голгетерската листа на клубот. Моментално тој има 58 реализации и стои на пет од Мирослав Клосе и има шест помалку од Горан Пандев, кој 64 пати се запиша во листата на стрелци додека беше дел од римјаните.
Милинковиќ-Савиќ лани имаше единаесет погодоци за Лацио во Серија А. Тоа значи дека со сличен голгетерски ритам многу брзо ќе застане на осмото место на вечната листа најдобри стрелци на калчолигашот.