Милан става печат на скудетото

Кога тргна сезоната, Милан воопшто не беше меѓу фаворитите за „скудетото“. Јувентус и Интер беа први кандидати за титулата, а поголеми шанси му се даваа дури и на Наполи. Но, кога се подвлекува цртата на крајот, Милан има шанса да ја подвлече во Реџо Емилија каде што и бод против Сасуоло му е доволен за 19. титула првак на Италија во клупската историја. 
Малку е да се каже дека Стефано Пиоли и избраниците ги надминаа сите очекувања досега. Дури и во пресрет на последните деведесет минути во сезоната, многу луѓе не веруваат дека се способни да го освојат „скудетото“. Сепак, тие речиси цела сезона се во таа кожа и одиграа извонредно. Особено во финишот кога се докажа победничкиот менталитет во тешките натпревари со Лацио, Фиорентина, Верона и Аталанта.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Сасуоло - Милан

Затоа е реално да се очекува „росонерите“ да стават печат и во Реџо Емилија каде што ќе имаат неверојатна поддршка. Се подготвува „црвено-црна“ инвазија на стадионот „Мапеи“ кој прима само 24.000 навивачи, а имаше преку 100.000 барања од фановите на Милан за картите. 

Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Серија А

Сасуоло е тврд орев за фаворитите, оваа сезона запиша историја победувајќи ги Милан, Интер и Јувентус на гости, но исто така е лишен од натпреварувачки мотив во последното коло и тешко дека Милан ќе испушти ваква шанса. „Росонерите“ ги имаат речиси сите важни играчи на располагање, освен Ибрахимовиќ и повторно левата страна Хернандез – Леао, треба да биде доволна за гол или два кои гарантираат „скудето“. Не треба да се заборави и одбраната на Милан која одамна не изгледала подобро и дека прими само два гола на последните десет натпревари во лигата.