ВИДЕО: Милан слави во градското дерби, Интер долго ќе го памети Жиру

Интер не успеа да му зададе удар на градскиот ривал Милан и загуби во градското дерби во рамките од 24. коло од Серија А (1-2). Оливие Жиру во вториот дел донесе големи три бода за „росонерите“ и ги остави во игра за титулата во италијанското првенство.

  • Извештај од натпреварот: 

Уште на самиот почеток се случи возбудување, кога Дензел Дамфрис постигна погодок во десеттата минута. Главниот судија сепак го поништи поради офсајд позиција. Домаќинот беше поконкретен во првото полувреме и на крај заслужено го отвори резултатот. Иван Перишиќ пред крајот на воведниот дел се најде на вистинското место и по еден корнер донесе радост за „нераѕурите“.

Стефано Пиоло реагираше и направи две измени на почетокот од второто полувреме. Брахим Диаз и Жуниор Месиас добија шанса за настап во дербито. Домашната одбрана одлично се справуваше со притисокот и не дозволуваше гоелми шанси пред голот на Самир Хандановиќ. Интер направи дефанзивна измена и го внесе Артуро Видал на местото на Хакан Чалханоглу, што само ја потврди намерата да се сочува минималниот резултат.

Сепак, гостите успеаја да израмнат благодарение на Жиру. Францускиот напаѓач најпрво украде топка, а потоа со многу среќа се најде на подалечната статива за со лизгачки старт да ја погоди целта во 75. минута. Неколку акции подоцна тој одлично се ослободи од противничкиот чувар и погоди вторпат, за комплетирање на шокот за домаќинот. Тоа беше моментот со кој Милан успеа да се врати на втората позиција на табелата и да ја намали предноста на лидерот на само еден бод.

Во завршницата од надополнувањето Милан остана без Тео Хернандез. Францускиот интернационалец заработи црвен картон, но веќе беше прекасно за Интер да се надева дека ќе ја искористи бројчаната позитива на теренот.

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Стефано Пиоли

    4-2-3-1