Милан ќе плати ПЕТ милиони евра за талент на Црвена Звезда

Италијанскиот фудбалски гигант Милан, кој наводно е заинтересиран и за услугите на македонскиот репрезентативец Енис Барди, е пред потпис со еден од најголемите таленти на Црвена Звезда, Марко Лазетиќ.

„Тутомеркато“ тврди дека трансферот е блиску до реализација, затоа што раководството на Милан ќе ѝ ја исполни желбата на управата на Црвена Звезда и за овој трансфер ќе издвои пет милиони евра. 

Според информациите на бројните новинари од Апенинскиот полуостров, Милан веднаш го посакува младинскиот репрезентативец на Србија. Скаути на седумкратниот европски шампион во живо ги следеа игрите на талентираниот напаѓач за време на есенската полусезона и биле одушевени од неговите настапи.

Милан беше заинтересиран за Лазетиќ и во летото, но тогаш не беше постигнат договор меѓу двете управи.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк