Милан ги дочека своите „пет минути“ и е фаворит во дербито со Јуве

„Росонерите“ по многу години се фаворити во натпревар против Јувентус. До пред една година и нешто повеќе во очи меѓусебниот дуел Јуве беше апсолутен фаворит против Милан, каде и да се играше и било каква да беше формата на двете екипи. Но работите се променија... Милан после неколку кризни сезони одново е во врвот на италијанскиот фудбал и се бори за трофеи, додека „старата дама“ со кам-бекот на Макс Алегри на клупата доживеа голем пад кој и натаму трае.

Одамна „росонерите“ не го дочекале Јувентус на „Сан Сиро“ со статус на фаворит како што тоа е случајот сега. Не се баш изразити, но сигурно се благи фаворити. Лани Јуве ги совлада во Милано, но тие возвратија уште поубедливо во Торино, додека есента таму одиграа нерешено.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Милан и Јувентус

Сега домаќините со императив победа го очекуваат големиот ривал бидејќи тоа ги остава во трка за титулата од која „бјанконерите“ одамна испаднаа. Милан можеше во уште подобро расположение да го дочека ова дерби да не беше контроверзниот пораз од Специја во минатото коло, кога една кардинална грешка на судијата го чинеше три бода. Пропушти шанса да го престигне првопласираниот Интер и сега бодови мора да брка против „црно-белите“ на кои исто така им гори под нозе во борбата за Лигата на шампионите.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, не може да смета на стартниот стоперски тандем Симон Кјаер – Факајо Томори, бидејќи и двајцата се повредени, а ниту на стандардните играчи за врска Френк Кеси и Исмаил Бенасер кои се на Африкансиот Куп на нации. Добри вести се дека во тимот се враќаат Сандро Тонали и Алесио Ромањоли, како и дека Анте Ребиќ е блиску до вообичаеното ниво, а Рафаел Леао во феноменална форма. Она што не оди во прилог на Милан се слабите партии на Златан Ибрахимовиќ во последно време, па прочуениот Швеѓанец можеби ќе остане на клупата, а ќе започне Оливие Жиру.

Квоти за останатите натпревари во Серија А

Јувентус конечно врза две добри средби и ги совлада Сампдорија и Удинезе во претходните седум дена, што донесе оптимизам пред гостувањето на „Сан Сиро“. Таму нема да биде херојот од последната победа над Милан, Федерико Киеза, кој доживеа тешка повреда на коленото, но сите останати важни играчи ќе бидат на располагање на Макс Алегри. Поради тоа ова гостување може да биде пресвртница за најтрофејниот италијански клуб, како и за Милан, кој по овој меч го очекува уште поголемо дерби, она градското против Интер во кое веројатно ќе се одлучува шампионот бидејќи во игра практично се шест бода. Затоа на „росонерите“ им е важно да ги совладаат „зебрите“ и во што подобро расположение и со што поголеми шанси да го дочекаат локалното дерби во кое ќе пробаат да ја прекршат сезоната.