Меси не престанува да руши рекорди, одново застана пред Роналдо

Меси

Фудбалерите на Пари Сен Жермен со пресврт го добија дуелот на гостувањето кај Макаби Хаифа. Домаќинот поведе и имаше причини за задоволство, кои беа скратени со погодоците на ударното трио на гостите Лионел Меси, Нејмар и Килиан Мбапе.

Аргентинецот со својата реализација сруши два нови рекорди во Лигата на шампионите. Тој го надмина Кристијано Роналдо во две категории: стана фудбалер кој погодил против најмногу различни клубови (39) и погодил барем еднаш во најголем број последователни сезони (18).

Португалецот оваа година не е дел од елитното клупско натпреварување. Тоа значи дека рекордите на Меси ќе стојат барем една сезона, во случај членот на Манчестер Јунајтед да се врати во Лигата на шампионите наредната година.

ПСЖ заедно со Бенфика има две победи и стои на врвот на табелата во Групата Х. Јувентус ќе мора да се потруди повеќе, ако сака да се најде во нокаут фазата оваа сезона.