Maртинез доби нов договор, ќе ги води „ѓаволите“ и на СП во Катар

Долго време им требаше да посегнат по странец во улогата на селектор, но кога Белгијците се одлучија за предводник од Шпанија, не погрешија. Селекторот на „црвената фурија“ Роберто Мартинез целосно го врати сјајот на оваа фудбалска селекција, а како награда за тоа ќе го продолжи договорот до 2022 година.

Поранешниот менаџер на Свонси, Виган и Евертон ќе го предводи националниот тим и на Светското првенство во Катар. Претходниот договор на Мартинез истекуваше по Европското првенство, што беше одложено за следната година. 46-годишниот Мартинез до минатата сезона соработуваше со Тјери Анри, но Французинот се одлучи за самостојна тренерска работа и замина во Канада.

Белгија се квалификуваше за Европското првенство по одличниот настап во квалификациите. Тимот на Мартинез ги доби сите десет натпревари, постигнувајќи 40 голови. Репрезентацијата на Белгија на завршниот турнир се најде во група со Данска, Финска и Русија.