Марко Ферукоски се раздели со словенечки Фужинар

Македонскиот фудбалер Марко Ферукоски ќе има нов клуб во новата сезона затоа што се раздели со словенечкиот второлигаш Фужинар.

Левиот бек кој тукушто наполни 23 години беше дел од тимот во изминатите месеци, но дојде до разделба. Играчот одигра вкупно 12 натпревари во второлигашкиот ранг на Словенија и сега ќе бара нова средина.

Ферукоски досега покрај во Словенија играше во Германија, а претходно беше на проба и во Бугарија. За него настапите за овој клуб беа дел од втората интернационална авантура по онаа во Луксембург, во Диферданж.

Своевремено Ферукоски важеше за најголемиот талент на Кикерс Офенбах. Таму ги мина сите младински школи. Играчот кој игра по левата страна во средниот ред беше дел од У18, У19, У20 и У21 селекциите на Македонија.