„Марка“ изненади: Реал Мадрид сака да го доведе Един Џеко?

Екипата на Реал Мадрид бара алтернатива за Карим Бензема, играч кој ќе биде резервен напаѓач и ќе ги пополни минутите кога Французинот ќе добива поштеда. 

На таа позиција во клубот се Маријано Диаз и Лука Јовиќ, но двајцата потфрлија и се на излезните врати. Поради тоа, шпанска „Марка“ пренесе изненадувачка вест. Според нив, Реал сериозно размислува да го доведе Един Џеко. 

Искусниот босански напаѓач веројатно заминува од Интер, бидејќи во клубот се враќа Ромелу Лукаку, па така Џеко е во потрага по нова средина. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина не би имал против да биде замена во „кралскиот“ клуб, дури тоа би било круна на одличната кариера во која играше за екипи како Интер, Рома и Манчестер Сити. 

Останува да се види дали Реал навистина ќе се реши за ветеранот или пак повторно ќе доведе млади сили за иднината.