Марио Крстовски ѝ се приклучи на Слога од БиХ

Македонскиот напаѓач Марио Крстовски има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во нов Премиерлигаш од Босна и Херцеговина.

24-годишниот шпиц потпиша со екипата на Слога Меридијан од босанската фудбалска елита. Доаѓа од тимот на Зрињски Мостар, каде никогаш не ја доби вистинската шанса, а во меѓувреме беше на позајмица во Леотар Требиње.

Исто така, Крстовски беше на позајмица и во Македонија ЃП. Во кариерата во Македонија играше и за Академија Пандев, Работнички и Хоризонт Турново.

Марио Крстовски во Премиер лигата на БиХ досега одигра единаесет натпревари, на кои има два гола и три асистенции.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.