Мансур: Мора да бидеме внимателни и да имаме почит кон Шкупи

Мансур

За три дена Санта Клара ќе гостува во Скопје и ќе се соочи со Шкупи во второто коло од Конференциската лига на УЕФА.

Бразилецот Мансур, кој игра на левата бековска позиција, најавува внимателен пристап на двомечот со македонскиот тим.

Ќе бидеме многу внимателни и ќе имаме почит кон Шкупи и се надеваме дека ќе одиграме две одлични средби за да ја минеме оваа пречка. Групата е многу мотивирана и фокусирана на овие судири. Ќе се бориме до крај за да се квалификуваме во следната фаза.

Мора да одиграме без многу грешки. Ќе се бориме за Санта Клара да направи историја на европската сцена“, вели левиот бек.

Португалската екипа на првиот натпревар би можела да настапи без Костиња. Играчот за врска се мачи со повреда и е под знак прашалник за патувањето во Македонија.

Шкупи во првото квалификациско коло го исфрли косовски Лапи.