• Саше Љолес

Фудбалерите на Пелистер следното коло во ВМФЛ за противник ќе ја имаат силната екипа на Воска Спорт, а битолчани се во карантин и сосема подготвени ќе го дочекаат важниот дуел против гостите на гостувањето на „Билјанини извори“.
Атмосферата во тимот е позитивна и ведра. Сите играчи се спремни и максимално мотивирани за утрешниот натпревар закажан во 15:00 часот.
Во пресрет на утрешниот натпревар изјави дадоа двајцата искусни играчи со интернционална кариера, тоа се Борче Маневски и Томе Китановски.
„Имавме време дополнително да се подготвиме. Нашите амбиции се знаат, на секој натпревар целиме да дадеме максимум, да се надигруваме и да победиме. Очекувам максимална поддршка од „Чкембарите“. Цела битолска јавност е зад нас и се надевам дека ќе ги израдуваме“, вели Борче Маневски.
„Натпреварот против добар противник, на гостински терен и за нас секој натпревар е финале и мора да играме на победа. Ќе бидеме максимални и се надевам на помош од „Чкембарите“ и сите заедно да се радуваме на победа“, ни рече бекот Китановски.
Битолската гордост е во моментов на четвртото место во ВМФЛ и се надева на позитивен резултат кој дополнително ќе им ги зголеми шансите за евентуален пласман во Првата лига. Битолчани имаат 43 бодови, четири помалку од Воска Спорт и пет помалку од Гостивар, од кои имаат и еден натпревар помалку.