Манчестер Јунајтед подготвува напад за ѕвездата на Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед мора бргу да делува и да го засили средниот ред, откако на стартот на сезоната во Премиер лигата доживеа бламажа. „Вината“ според многумина паѓа на средината, критиките кон МекТоминеј и Фред се во огромен број, можеби и повеќе од тие за Мегвајер. 

Поради тоа челниците на клубот мора да ја спасуваат сезоната со сериозно засилување. Британски „Телеграф“ пишува дека Манчестер Јунајтед припрема понуда за ѕвездата на Реал Мадрид, Касемиро. Бразилецот кој има триесет години е врзан со договор до 2025 година, а „кралевите“ нема лесно да се откажат од неговите услуги. 

Според Британците, првата понуда би требало да биде околу шеесет милиони евра, но тоа нема да ги задоволи барањата на Реал. Доколку сакаат да го доведат Касемиро во своите редови, од Јунајтед ќе мора сериозно да ја зголемат понудата за еден од главните играчи во тимот на европскиот првак. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.