Македонските репрезентативци остануваат пријавени во Лига Европа

Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев ќе остане дел од составот на Арсенал и во понатамошните нокаут-фази во фудбалската Лига Европа.

Илиев, кој пред извесен период доби повик за кам-бек од Игор Ангеловски во А-тимот, останува меѓу трите голмани на англискиот премиерлигаш во второрангираното натпреварување под капата на УЕФА.

Покрај Илиев, меѓу стативите се пријавени Петр Чех и Бернд Лено. Единствена промена кај Арсенал е пријавувањето на новото засилување Денис Суарез кој пристигна од Барселона на позајмица.

Покрај Илиев, од македонските интернационалци во Лига Европа нокаут-фаза ќе играат уште Аријан Адеми (Динамо Загреб), Ељиф Елмас (Фенербахче) и Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон). Исто така и нивниот статус во тимовите во ЛЕ не е доведен под знак прашалник.