ВИДЕО: Македонска „тики-така“ во Тбилиси – Ристовски погодува низ нозете на Лориа

Македонија одговори на иницијативата на Грузијците и почетното водство и израмни во 33. минута. По прекрасна акција по десната страна, Стефан Ристовски и Горан Пандев убаво проиграа, капитенот го извади десниот бек сам пред Лориа, а овој низ нозе го матира грузискиот голман (1-1).

  • Голот на Ристовски против Грузија: 

Овој гол треба да ни даде самодоверба по неубедливиот старт и примениот гол од пенал.