Стојчевски: Имаме сезона без пораз, убедени бевме во промоција на Гостивар
Екипата на ФК Гостивар е единствената без пораз во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Откако обезбедија промоција, гостиварчани ќе играат со струшки Караорман за печат на успешната година, тврди дефанзивецот Стојан Стојчевски.