ВИДЕО: Македонија води – Косово си даде автогол по 15 минути!

Фудбалската репрезентација на Македонија дојде до предност на дуелот со Косово (1-0) благодарение на автогол кој си го постигнаа гостите.

Во 15. минута од мечот на Арената „Тодор Проески“, една топка заврши пред казнениот простор кај Аријан Адеми, а тој додаде до Стефан Ристовски, кој со шут по земја погоди во Кололи, а потоа топката заврши во мрежата на ривалот. Бекот на нашата репрезентација голот го посвети на својот помлад брат, Милан, кој е повреден и не може да игра за У21 репрезентацијата. 

  • Автоголот на Косово против Македонија:

Ова е прв гол во пресметките меѓу Македонија и Косово. Победникот од овој натпревар ќе патува во финалето од плејофот во Лигата на нациите каде ќе се соочи со Грузија која претходно ја совлада Белорусија (1-0).