Македонија ЃП го задржува најдоброто, нови договори за Филиповски и Фазли

Откако вчера ги потврди новите договори со Божиновски и Адем, денес екипата на Македонија Ѓорче Петров задржа уште двајца стандардни првотимци.

Дел од „лавовите“ и во следната сезона ќе бидат Кристијан Филиповски и Самир Фазли, кои се обврзаа на нови договори со клубот од Ѓорче Петров. Македонија ЃП минатата сезона во самиот финиш ја загуби битката за нов излез во Европа, но тоа не го спречи раководството на клубот да мисли на иднината и да изгради уште помоќен тим под водство на Александар Таневски

Екипата на Македонија ЃП сезоната во ПМФЛ ја заврши на четвртата позиција, со два бода помалку од Струга ТЉ и четири во однос на второпласираниот Шкупи.