ВИДЕО: Мајсторски гол на Мертенс – топката „бегаше“ од Реина

Фудбалерите на Наполи одиграа неверојатно полувреме на „Диего Армандо Марадона“ и против Лацио на пауза заминаа со огромни 3-0. „Партенопеите“ рано поведоа со два гола преку Зиелински и Дрис Мертенс, па иницијативата ја презеде Лацио и имаше серија шанси. Сепак, гостите од Рим не успеаја да дојдат до погодок, па ги стигна спортската казна.

Инсиње повлече по левата страна, префрли десно кон Лозано, а Мексиканецот ја одложи топката до Мертенс. Белгиецот со многу чувство упати топка која практично „бегаше“ од голманот Пепе Реина, го лобуваше и ја смести во спротивниот агол за 3-0. 

  • Атрактивниот погодок на Мертенс со Лацио:

Избраниците на Маурицио Сари не одиграа лошо полувреме, но факт е дека прелесно примија голови и тоа може многу да ги чини.  

Состави

Лучијано Спалети

4-2-3-1

    Маурицио Сари

    4-3-3