Лукаку по примерот на Креспо и Пандев направи кам-бек во нападот на Интер

Интер

Ромелу Лукаку издржа само една сезона надвор од Интер и се врати со екипата со која пред две години беше шампион во Серија А.

Белгискиот напаѓач не се снајде најдобро во Челзи и по примерот на Хернан Креспо и Горан Пандев направи кам-бек меѓу „нераѕурите“. Тие двајца напаѓачи го презедоа истиот чекор и се единствени во изминатите две децении кои го направиле тоа.

Аргентинецот исто така го замени италијанскиот гигант со клубот од „Стемфорд Бриџ“. Меѓутоа и тој не се докажа на посакуван начин, па по неколку сезони одново го облече дресот на Интер.

Слична е приказната и на Горан Пандев. Македонскиот голгетер одигра само еден меч по трансферот во Милано во 2001 година. Одново заигра за тимот од „Џузепе Меаца“ во 2009 година, под палката на Жозе Мурињо и испиша историја со освојување неколку големи трофеи.

Освен нив, во минатото и други играчи во неколку наврати играле за Интер, а тоа се Кристијан Занети (1998, 2001-2006), Марко Андреоли (2004-2007, 2013-2015, 2016-2017) и Џонатан Биабиани (2006-2007, 2011, 2015-2017).