ВИДЕО: „Лудо“ промашување – Роналдо не го погоди голот од ПЕТ метри!

Португалија налета на одбранбен бедем на „Пушкаш Арена“, каде што Унгарија покажа заби и со цврста одбрана ги бранеше многубројните налети на „селесао“. 

Средниот ред, пред сè Бруно Фернандеш, Бернардо Силва и Кристијано Роналдо одиграа прв дел за заборав. Тие немаа каде да ја одиграат својата препознатлива игра поради густината и компактноста на одбраната на Унгарија. 

Немоќта и индиспонираноста на Роналдо најдобро се виде на крајот од првото полувреме, откако доби одлична топка на петерецот од Фернандеш, па иако беше сам биеше далеку над голот. 

  • Неветојатното промашување на Роналдо: 

Првата ѕвезда на португалскиот фудбал речиси секогаш погодува од вакви ситуации, но ете денес тоа не му појде од рака. 

Состави

Marco Rossi

3-5-2

    Fernando Santos

    4-3-3