ВИДЕО: Луд меч во Лисабон - Ристовски на клупата, Спортинг од 0-2 до 5-2!

Фудбалерите Спортинг во меч со голем пресврт славеа победа од 5-2 против тимот на Насионал Мадеира и се вратија на -2 од лидерот Порто.

Нашиот Стефан Ристовски мечот го мина на клупата за резерви, а тимот на Спортинг започна очајно и по 25 минути игра имаше негатива од 0-2 (Камачо и Паличевиќ). Во 35. минута тимот од Лисабон преку Дост од пенал намали на 1-2, а тој резултат беше на сила се до 70. минута и голот на Фернандез (2-2). Од тој момент за домаќините погоди и Матјe за целосен пресврт (3-2), а во 87. минута Бас Дост со својот втор гол од пенал зголеми на 4-2. Конечните 5-2 ги постави Фернандез во 91. минута.

Во наредното коло тимот на Спортинг ќе игра на гостински терен против Викторија Гимараеш, а претходно во Купот на домашен терен ќе го пречека Рио Аве.